Лука Дончиќ продолжи да руши рекорди во НБА лигата, откако во поразот на Далас од Торонто со 120: 123 го постигна својот втор „трипл-дабл“ од 35 поени, 12 скока и 10 асистенции и на тој начин стана првиот играч во историјата на Лигата со два „трипл-дабл“ учиноци пред да наполни 20 години.

Словенечкиот кошаркар одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против Торонто, но неговата одлична игра не беше доволна за победа на Далас над Торонто.

„Репторси“ беа предводени од Каваи Ленард со 33 поени и десет скока, а помош доби од Лори (19) и Сикам (14)

Покрај Дончиќ, кај „телињата“ се истакна и Харисон Барнс со 14 поени.