Реал Мадрид секогаш ќе има посебно место во срцето на Лука Дончиќ, a словенечката ѕвезда на Далас посведочи за љубовта кон „белите“ уште еднаш, говорејќи во интервју за „Кадена Копе“.

Играчот го пропушти првиот натпревар од почетокот на сезоната синоќа, но дури и без него, Маверикс победија против лидерот во Западната конференција Лос Анџелес Клиперс.

– Отсекогаш сум кажувал дека ми недостига народот во Мадрид. Тоа е вистината. Соиграчите, физиотерапевтите, тренерите, сите вработени на клубот … Тие беа одлични во односот кон мене – објасни европскиот шампион со Словенија и додаде дека кога ќе заврши со НБА, ќе биде среќен ако се врати во Реал Мадрид.