Лос Анџелес Лејкерс ја освоија титулата во НБА лигата. Во шестиот меч Лејкерси ги победија Мајами Хит со 106:93 и со вкупен резултат 4:2 ја затворија финалната серија. МВП на финалната серија е Леброн Џејмс кој во шестиот натпревар забележа трипл-данл (28 поени, 14 скока и 10 асистенции).

Лос Анџелес Лејкерс не им дадоа ниту грам надеж на противниците дека ќе можат да изборат мајсторка во големото финале. Имаа Лејкерси предност од 12 поени по првиот период, а во вториот го решија прашањето на победникот кога во еден момент по двете тројки на Колдвел-Поуп дојдоа до предност од 32 поени.

Првото полувреме Лејекрси го завршија со плус ос 28 поени што е најголема предноста на полувреме во еден финален меч. Третиот период заврши со +29 за „езерџиите“, кои во последната четвртина го намалија интензитетот во својата игра и им дозволија на Хит да изборат пристоен пораз.

Лејкерис ја освоија 17 титула во историјата на франшизата со што на вечната листа се израмнија со Бостон Селтикс.

Леброн Џејмс го предводеше тимот со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, за него ова е 28 трипл-дабл во плеј-офот и 11 во финалните серии. Ентони Дејвис и Режон Рондо постигнаа по 19 поени, Дејвис имаше и 15 скокови, а Колдвел-Поуп постигна 15 поени.

Мајами го предводеше Бем Адебајо со 25 поени и 10 скока, додека потфрлија сите останати, Џими Батлер постигна 12, а Данкан Робинсон 10 поени.