Тимот на Леброн Џејмс го победи Тимот на Јанис Адетокумпо со 157-155 на кошаркарскиот олстар меч во Чикаго. Благодарение на промената на правилата, во последната четвртина се играше сериозна кошарка. Тимот на Леброн успеа да надополни 17 поени негатива и на крајот да победи со поените на Ентони Дејвис од линијата за слободни фрлања.

По три четвртини кошарка кои започнуваа со резултат 0-0 делуваше дека ќе победи Тимот на Јанис кој во еден момент имаше предност од 17 поени (106-89). Во последната четвртина тимот на Јанис влезе со предност од девет поени, а бидејќи резултатот беше 133-124 и споменатото правило во чест на Коби Брајант и додавањето на 24 поени, победникот мораше да стигне до 157 поени.

Тогаш започна жестока борба. Сјано се играше во одбраната, публиката виде многу украдени топки, две рампи од Јанис за Леброн. На крајот победи Тимот на Леброн каде најефикасен беше Каваи Ленард со 30 поени (осум тројки), по 23 поени постигнаа Леброн и Крис Пол, а на 20 поени застана Дејвис.

Јанис го предводеше својот тим со 25 поени и 11 скока, 23 поестигна Кемба Вокер, а 21 со 11 скока забележа Џоел Ембид.

МВП наградата која од оваа година го носи името на Коби Брајант му припадна на Каваи Ленард од Лос Анџелес клиперс.