Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс по рекорден 12-ти пат беше избран во најдобриот тим на сезоната во НБА.

Идеалните пет од сезоната беа утврдени по гласањето на новинарите и навивачите.

Џејмс доби 100 гласа, а заедно со него во тимот се и дефанзивецот на Хјустон, Џејмс Харден (100 поени), центарот на Њу Орлеанс Антони Дејвис (96), бекот на Портланд, Демијан Лилард (71) и крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант (63) .

Леброн Џејмс со влезот по 12-ти пат во идеалната петорка на сезоната постави нов рекорд и сега е сам на врвот на вечната листа, надминувајќу ги Коби Брајант и Карл Малуон, кои беа избирани меѓу најдобрите за сезоната по 11 пати.

Џејмс, Харден и Дејвис се тројцата номинирани за наградата МВП на сезоната, која ќе биде објавена на 25 јуни.

Во втората најдобра петорка за сезоната се најдоа Јанис Антетокумбо (Милвоки), Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Џоел Ембид (Филаделфија), ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио) и ДеМар ДеРоузен (Торонто).