Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, не ја исклучува можноста третпат во кариерата да се врати во неговиот прв клуб Кливленд Кавалирс.

Џејмс летово го напушти клубот од Охајо и потпиша четиригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 154 милиони долари.

– Ниту едно поглавје не го затварам во целост – изјави Џејмс кој по истекот на договорот со Лејкерс ќе има 37 години.

Тој првпат си замина од Кливленд во 2010 година и настапуваше за Мајами со кого два пати беше НБА Шампион.

По четири години се врати во Кливленд и во 2016 година го освоија шампионскиот прстен.

– Се надевам дека еден ден ќе гледам како мојот дрес виси изложен во салата во Кливленд – истакна Џејмс.

Во дресот на Лејкерс првпат ќе настапи на 30 септември против Денвер во Сан Диего.