Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, истакна дека неговиот тим мора ментално да се подготви за четвртиот натпревар против Голден стејт во финалната серија.

Голден стејт поведе со 3:0 во финалната серија, а покрај неверојатниот учинок на Џејмс за поразите на Кливленд во јавноста беа критикувани неговите соиграчи.

– Треба да размислуваме како да ги вклопиме талентите и да направиме ментален склоп со кој ќе можеме да се бориме за шампионскиот прстен. Ние сме професионалци и секој може да постигне кош, но не одлучува само тоа. Ова не е видео игра и мораме да бидеме ментално многу јаки, истакна Џејмс.

Според него најголем проблем оваа сезона Кливленд има на плејмејкерската позиција.