Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ќе биде во можност да игра на претстојниот натпревар со Индијана, објавува „ESPN“.

Лидерот на тимот од Калифорнија го пропушти претходниот натпревар со шампионот Голден Стејт, бидејќи тренерскиот персонал одлучи да не ризикува со играчот кој неодамна закрепна од повредата.

Оваа сезона, Џејмс во просек постигнува по 27,2 поени по натпревар бележи 8,5 скока и 7,2 асистенции.