Кошаркарите на Сан Антонио спарс на домашен терен ги совладаа Лос Анџелес лејкерс со 110:106.

Леброн Џејмс постигна 35 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно Лејкерс да избегнат втор пораз за помалку од една седмица.

Во домашниот тим Демар Дерозан беше најефикасен со 30 поени, 12 скока и осум асистенции.

Милвоки бакс убедливо со 113:91 го совладаа Орландо меџик,  а Кливленд кавaлирс го забележаа шестиот пораз во исто толку натпревари, откако загубија со 119:107 на гостувањето кај Индијана пејсерс.

Кошаркарите на Јута џез со 132:111 ги совладаа Њу Орлеанс пеликанс.