Кошаркарите на Куманово синоќа ја совладаа екипата на Пелистер со 87-75 (50-28) на домашен терен во рамките на 17–то коло од Првата лига, со што и натаму останаа во трката за шестата позиција на табелата која што води во разигрувањето во завршницата од првенството.

Иако екипата на Куманово настапи значително ослабена со неиграњето на двајцата најдобри кошаркари, Бранислав Џекиќ и Филип Думиќ, сепак, на крајот успеа да стигне до уште една многу важна победа која што барем засега се уште ја остава во играта за пласман во завршницата од првенството. 

Најефикасни кај Куманово беа Мирко Ковач со 29 (осум тројки) и Адем Мекиќ и Игор Пенов со по 19 поени, додека кај Пелистер се истакнаа Габриел Беалер со 23 и Мико Голубовиќ со 17 погодоци.

Во наредното 18–то коло од домашното кошаркарско првенство екипата на Куманово
е слободна. Т.Д.