Фото: Илустрација

Во рамките на 16-то коло од домашното првенство во првата кошаркарска лига вечерва на домашен терен кошаркарите на Куманово во дербито на колото загубија од екипата на Кожув со 73:79 (34:40) со што во голема мера си ги намалија шансите за пласман на шестото место кое што води во разигрувањето од завршницата во првенството.

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен доживеаја неочекуван и непријатен пораз од екипата на Кожув од Гевгелија и тоа од директниот конкурент за освојувањето на шестото место на табелата со кој што пораз во голема мера си ги намалија шансите за настапот во завршницата од првенеството. Имено вечерва никој од присутните гледачи во спортската сала на средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово не очекуваше дека Куманово ќе доживее пораз кој се чини дојде во најлошиот момент за домашната екипа која што во изминатите неколку кола играше навистина добро.

Што се однесува пак до вечерниот натпревар се покажа дека првата четвртина која што гостите од Гевгелија ја добија со (19:26) беше решавачка во однос на крајниот резултат и исход од натпреварот бидејќи наредните три четвртини и двете екипи ги одиграа во егал, па на крајот позитивата и предноста на гостите од првата четвртина од + 6 поени се покажа како одлучувачка.

Најефикасни кошаркари во домашната екипа на Куманово беа Игор Пенов, Мирко Ковач и Филип Думиќ со по 13 кошови додека пак кај победничката екипа на Кожув, Игор Кесар со 23 и Никола Караколев со 16 постигнати кошови.

Во наредното коло 17 од првата кошаркарска лига екипата на Куманово повторно игра на домашен терен овој пат со екипата на КК Пелистер од Битола.

Т.Д.