Кошаркарот на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг, донираше 110 илјади долари на Индијанците Сиукс, објави „Тhe Seattle Times“.

Парите ќе бидат насочени кон развој на младински програми во Северна Дакота.

Во август, Кајри, заедно со својата сестра Азија, кои имаат индијански корени, добиле имиња на луѓето од Сиукс. Кошаркарот беше наречен Мала Планина“, а неговата сестра – Бизон Жена.

Индијанците од племето Сиукс пред две години успеаја со протести во Вашингтон да ја запрат изградбата на нафтоводот кој требаше да поминува низ нивните живеалишта во Стендинг Рок, Северна Дакота.