Двајца членови на кошаркарскиот клуб Пезаро од Италија се заразени со коронавирус, соопштија денеска од клубот.

Пезаро е првиот клуб од голема кошаркарска лига кој соопшти дека некој од неговите членови е позитивен на новиот вирус.

– Клубот работи на тоа да ги преземе сите мерки во склад со препораките на здравствената органозација – стои во соопштението од клубот.

Оттаму не прецизираат за кои кошаркари станува збор.

Италија е директно погодена од вирусот Ковид-19, па поради тоа во земјата се прекинати сите спортски натпревари, се до 3 април.