Легендарниот НБА-кошаркар Коби Брајант (41) го загубил животот во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, САД, објавуваат американските медиуми.

Брајант бил меѓу петте лица што патувале во неговиот приватен хеликоптер, кој се срушил во Калабасас по избивањето на пожар, според „Ти-ем-зи спортс“.

Брајант беше НБА-шампион петпати со Лос Анџелес лејкерс и 18-кратен учесник на олстар-натпреварите, пред да се пензионира во 2016 година. Тој освои и две олимписки злата со репрезентацијата на САД.