Винс Картер (42), кошаркарот на Атланта, го одигра 1.504-от натпревар во НБА-кариерата, со што се израмни со Џон Стоктон, поранешен кошаркар на Јута, на четвртото место во оваа категорија. Картер има шанса сезонава да го помине Дирк Новицки на третата позиција на оваа листа со 1.522 НБА-меча. Рекордери во НБА се Карим Абдул-Џабар од ЛА Лејкерс со 1.560 и Роберт Периш од Бостон со 1.611 натпревари. Картер од 1998 година настапувал за Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и за Атланта.