КОШАРКА – НБА

Стивен Кари постигна 38 поени и е на 18 поени од рекордот на франшизата поставен од Вилт Чембрлен, во победата на кошаркарите на Голден стејт вориорс со 125-109, дома, на мечот од НБА-лигата со Хјустон рокетс. Кари, кој сега има 17.765 поени (Чембрлен постигна 17.783), постигна 32 или повеќе поени на шест последователни натпревари, што е најдобра серија во кариерата и најдолга серија од сите кошаркари во НБА сезонава.
По три рани прекршоци, Кари (погоди осум тројки од 15 обида и имаше осум скока) постигна 10 поени во првото полувреме пред да експлодира поентерски со 22 поена во третата четвртина, вклучувајќи ги и последните 20 на тимот во тој период, пишува „Ројтерс“.
Голден стејт со 25 победи и 28 порази е во трка по последното место за влез во плејофот во Западна конференција, во која води Јута џез, со 40 победи и 13 порази, пред Феникс санс, со резултат 37-15, Лос Анџелес клиперс со 36-18 итн. Во Источната конференција, водат Филаделфија 76 и Бруклин нетс со по 36-17, потоа е Милвоки со 32-20 итн.