Македонската кошаркарска репрезентација денеска стартуваше со подготовките за Европското првенство (дивизија Б) за играчи до 16 години кое ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина во периодот од 9 до 18 август.

Кадетските репрезентативци денес го одработија првиот тренинг, а во следните 40 дена ќе се подготвуваат за првенството

– Оваа репрезентација е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“ кој започна да се реализира пред две години. Во периодот што следи, покрај подготовки во Скопје и во Маврово, кадетите ќе се пресметаат со соодветните возрасни селекции на Бугарија, Црна Гора и на Романија, соопштија од МКФ.