Денеска во кинескиот град Шенжен беше извршена ждрепката за групната фаза за претстојното Светско првенство во кошарка.

Мундијалот се игра од 31 август до 15 септември во осум кинески града, а пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од групите.

Бранител на трофејот, репрезентацијата на САД, ќе игра во група со Турција, Чешка и Јапонија.

Група А: Брег на Слонова Коска, Полска, Венецуела, Кина

Група Б: Русија, Аргентина, Кореа, Нигерија

Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис

Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија

Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија

Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора

Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан

Група Х: Сенегал, Канада, Литванија, Австралија.