Пандемијата на коронавирусот не ги прекина само професионалниот спорт и присуството на многубројните гледачи на стадионите и во салите, туку и рекреацијата, а опасноста од вирусот ги натера властите во Њујорк да преземат драстични мерки. Градоначалникот Били де Бласио наредил да се отстранат кошаркарските обрачи од сите улични терени (повеќе од 1.700 обрачи), пишува шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ на својата интернет-страница.

Неговиот пример го следеле и други американски градови (Вашингтон, Филаделфија, Балтимор, Мемфис, Шарлот…), а во Чикаго ги „заклучиле“ обрачите со поставување фиксни пречки, кои оневозможуваат играње кошарка, пишува „Марка“.