Комесарот на кошаркарската НБА-лига, Адам Силвер, изјави дека мечот од НБА-лигата, кој девет години се одржува во Лондон (во јануари Вашингтон го победи Њујорк со 101-100), може в година да се пресели во Франција, пренесе Би-би-си. НБА-лигата практикува повремени официјални дуели во странство од 1990 година (Јапонија и Мексико), а секоја сезона од 2011-та. Сега се игра и во Мексико сити (во декември Чикаго – Орландо 91-97 и Јута – Орландо 89-96).