Кошаркарската Евролига номинира 50 кошаркари во изборот на најдобрите за минатите 10 години од натпреварувањето, во избор во кој ќе гласаат навивачите, тренерите, играчите и медиумите.

Според информациите на интернет-страницата на натпреварувањето, до крајот на 2019 година 50-те номинирани од 2010 година ќе бидат специјално претставени.
Откако конечно ќе бидат претставени сите кандидати, гласањето ќе почне во почетокот на 2020 година за да се изберат најдобрите 10 кошаркари, кои настапувале во Евролигата во минатите 10 години, без оглед на позицијата на која играле.

Меѓу номинираните, засега се и Лука Дончиќ, Паулиус Јанкаускас, Брајант Данстон, Серхио Љуљ, Андреј Кириленко, Фелипе Реес, Хуан Карлос Наваро, Луиџи Датоме, Ненад Крстиќ, Руди Фернандез, Костас Слукас, Анте Томиќ, Алексеј Швед, Нандо де Коло…