САД го освоија златниот медал на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио, совладувајќи ја Франција со 87-82 во финалето. Дрим-тимот на тој начин го освои четвртиот златен медал во низа и воедно им се реваншираше на Французите за поразот во првото коло на турнирот.

Најзаслужен за триумфот на Американците беше Кевин Дурент кој во финалето забележа 29 поени, шест скока и три асистенции. Играчот на Бруклин Нетс се израмни според бројот на златни медали со Кармело Ентони. Двајцата имаат по три злата од ЛОИ.

Франција ја предводеа Еван Фурние и Руди Гобер со по 16 поени.

Во мечот за бронзениот медал денес се среќаваат Словенија и Австралија.