Кевин Дурант

Вто­ро­то пре­бро­ју­ва­ње на гла­со­ви­те на почетните кошаркарски петорки ќе би­де на 11 фе­вру­а­ри, а гла­са­ње­то ќе за­вр­ши на 16 фе­вру­а­ри, до­де­ка ол­стар-ду­е­лот ќе се одр­жи на 7 март во Ат­лан­та

Ке­вин Ду­рант (Брук­лин, со 2.302.705 гла­са) и Леброн Џејмс (ЛА Леј­керс, 2.288.676) во­дат во гене­рал­ни­от плас­ман по пр­ви­от пре­сек на гласањето на по­чет­ни­те пе­тор­ки во пре­срет на годи­наш­ни­от ол­стар-нат­пре­вар во НБА, кој се­пак е од­лу­че­но да се одр­жи во Ат­лан­та (5-7 март), иа­ко бе­ше не­из­вес­но. Ако, на при­мер, гла­са­ње­то бе­ше за­пре­но се­га, то­гаш по­чет­на­та пе­тор­ка на За­па­дот би би­ла: Ле­брон Џејмс, Стеф Ка­ри (Гол­ден стејт, 2.113.178), Лу­ка Дон­чиќ (Да­лас, 1.395.719), Ка­ваи Ле­нард (ЛА Клиперс, 1.285,777) и Ни­ко­ла Јо­киќ (Ден­вер, 1.477.975). На Исто­кот, пак, по­крај Дурант, тоа би би­ле: Ка­јри Ир­винг (Брук­лин, 1.093.611), Бред­ли Бил (Ва­шин­гтон, 1.273.817), Ја­нис Аде­то­кун­бо (Мил­во­ки, 1.752.185) и Џо­ел Ем­бид (Фи­ла­дел­фи­ја, 1.584.038).

– Ап­со­лут­но не­мам ни енер­ги­ја ни ка­кво би­ло воз­бу­ду­ва­ње за го­ди­наш­ни­от ол­стар-натпре­вар. Во­оп­што не знам зо­што и го има­ме ко­га се со­о­чу­ва­ме со пан­де­ми­ја. Не сум сре­ќен по­ра­ди ова, но та­ков е до­го­во­рот и ни­што не мо­жам да сме­нам. Ќе би­дам присутен фи­зич­ки ако би­дам из­бран, но не и мен­тал­но – ре­че Ле­брон Џејмс.

Вто­ро­то пре­бро­ју­ва­ње на гла­со­ви­те ќе би­де на 11 фе­вру­а­ри, а гла­са­ње­то ќе заврши на 16-ти, на 18-ти ќе би­дат поз­на­ти по­чет­ни­те пе­тор­ки, а до 23 фе­вру­а­ри ќе се зна­ат си­те учес­ни­ци на тра­ди­ци­о­нал­ни­от ре­ви­ја­лен на­стан. Ина­ку, ко­шар­ка­ри­те се по­де­ле­ни во две по­тка­те­го­рии и во две­те кон­фе­рен­ции – ви­со­ки игра­чи и бе­ко­ви. Се пре­го­ва­ра и за тоа да­ли по­крај нат­пре­ва­рот ќе ги има тра­ди­ци­о­нал­ни­те нат­пре­ва­ри во трој­ки и во забива­ње.

На­ви­ва­чи­те ќе со­бе­рат 50 от­сто од гла­со­ви­те, до­де­ка си­те се­гаш­ни игра­чи и Ко­ми­си­ја­та за ме­ди­у­ми ќе со­чи­ну­ва­ат по 25 от­сто од гла­со­ви­те. Игра­чи­те и ме­ди­у­ми­те исто та­ка ќе мо­жат да по­пол­нат ед­но гла­сач­ко лив­че и од Источ­на­та и од За­пад­на­та кон­фе­рен­ци­ја. Г.И.