Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ даде опширно интервју за шпанската телевизија „Mовистар +“ во кое зборува за адаптацијата во НБА-лигата, за разликите меѓу играта во Европа и во САД, како и за доста други теми, вклучително тоа дека не се најде во натпреварот на ѕвездите.

– Во НБА е полесно да даваш кошеви, отколку во Европа, се разбира. Во Европа теренот е помал, и тука е правилото за три секунди. Мислам дека е полесно да реализираш тука – рече 19-годишниот кошаркар кој настапува за Далас маверикс.

Тој изрази разочарување дека нема да учествува на олстар-натпреварот.

– Сакав да играм во натпреварот на ѕвездите, па нормално е да сум разочаран. Важно е дека луѓето гласаа за мене. Бев исклучително импресиониран од ова. Ова е најважно за мене. Можеби следната година ќе бидам таму – додаде Дончиќ.

Дончиќ додаде дека неговиот сон е да го освои НБА-шампионатот.