КОШАРКА – ЕВРОКУП

Шпанскиот кошаркарски клуб Хувентуд од Бадалона, во чии редови игра македонскиот репрезентативен бек Ненад Димитријевиќ, се пласира во четврт-финалето на Еврокупот, откако во решавачкиот дуел на гости го совлада француски Нантер ,со 95-88. Димитријевиќ на овој натпревар за 17,46 минути на теренот ги погоди сите седум шута за два поена, а оствари и два скока и една асистенција.
Со скор од четири победи и два пораза, Хувентуд го освои второто место во групата Е, а со тоа се пласира меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување.
Во четврт-финалето на Еврокупот, Хувентуд за противник го доби квалитетниот италијански претставник Виртус Болоња, кој беше прв во групата Г, со максимални шест победи на шесте натпревари. Четвртфиналната серија до две победи треба да се игра во периодот од 23 до 31 март, а првиот натпревар е во Болоња.