Ви благодарам за наградата. Многу ми значи да го добијам ова признание од мојата држава за она за кое живеам – кошарката. Ѝ благодарам на Кошаркарската федерација на Македонија. Чест ми е да бидам наследник на браќата Стојановски, изјави преку видеопорака најдобриот кошаркар на Македонија за 2019 година, Ненад Димитријевиќ, кој поради обврски со својот клуб Бадалона не присуствуваше на прогласувањето на најдобрите за годинава.

На свеченоста на Кошаркарската федерација на Македонија беа доделени признанија и во други категории за 2019 година, и тоа на Александра Стојановска (најдобра кошаркарка), Андреј Јакимовски (најдобар млад кошаркар), Илина Селцова (најдобра млада кошаркарка), Ѓорѓи Кочов (најдобар тренер на сениорска машка екипа), Жаклина Стојановска (најдобра тренерка на сениорска женска екипа), Горан Крстевски (најдобар тренер на машка младинска екипа), Владимир Ѓоровиќ (најдобар тренер на женска младинска екипа), Емил Рајковиќ (најдобар тренер во странство), Александар Милојевиќ (најдобар судија), МЗТ Скопје Аеродром (најдобра машка сениорска екипа и најдобра машка младинска екипа), ЖКК Вардар (најдобра женска сениорска екипа), Бадел 1862 (најдобра женска младинска екипа), селекција (мажи) под 16 години (најдобра младинска репрезентација) итн.