Сѐ е подготвено за почетокот на новата сезона во кошаркарската НБА-лига, која ќе биде 75-та по ред и во која ќе играат 30 клуба. Поради пандемијата на ковид-19, регуларната сезона е намалена на 72 натпревари. Првите дуели утре рано наутро, според средноевропско време, се Бруклин – Голден стејт (од еден часот) и Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс (од четири часот). Следниот ден се преостанатите дуели од првото коло. Плејофот е закажан да се одвива под стандардниот формат од 16 екипи помеѓу 22 мај и 22 јули 2021 година. Дозволен е планот тимовите да го прошират активниот состав на кошаркари од 13 на 15 за еден меч, поради евентуален недостиг од кошаркари поради пандемијата.