Во рамките на 2 коло од првата кошаркарска лига кошаркарите на Куманово синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на Гостивар со 75:63 (35:27) со што ја забележаа и втората победа сезонава.

Што се однесува пак до самиот натпревар кошаркарите на Куманово предводени од искусниот кошаркарски стратег, Александар Петровиќ во текот на целиот натпревар имаа контрола врз играта и врз резултатот и беа во постојана резултатска предност која што на моменти изнесуваше дури и + 17 разлика (35мин.-65:48) па на крајот со мудра и рутинска игра сосема заслужено стигнаа до својата прва победа на домашен терен со што барем засега го продолжија успешниот старт оваа сезона.

Најефикасни кошаркари во екипата на Куманово беа Адем Мекиќ со 26 и капитенот Мирко Ковач со 13 коша, а додека пак кај гостинската екипа на Гостивар Јуре Сегариќ со 19 и Диме Тасосвски со 13 постигнати кошови.

Во наредното 3 коло од домашното кошаркарско првенство екипата на КК Куманово на гостински терен се среќава со екипата на АВ Охрид.

Т.Д.