КОШАРКА

Пандемијата на коронавирусот запре многу спортски натпреварувања низ Европа, а исклучок не е ниту европскиот оддел на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), која во осминафиналето ја прекина Лигата на шампионите (ЛШ). Според најновата одлука, завршниот турнир со осум тима ќе се игра од 30 септември до 4 октомври годинава (претходно беше предвиден за мај), со публика. Местото на одигрување на турнирот ќе биде објавено дополнително.
Досега се познати шест четвртфиналисти (Сарагоса, Нимбурк, АЕК, Турк телеком, Хапоел и Сан Пабло). За пополнување на двете места ќе одлучуваат Иберостар Тенерифе и Остенде, односно Дижон и Нижни Новгород. ЛШ се игра од сезоната 2016/2017, а досегашни прваци се Канаријас (2017 година), АЕК (2018) и Виртус Болоња (2019).