Универзитетот на Вирџинија го освои кошаркарскиот НЦАА-шампионат во САД, откако го победи тимот на Тексас тек, со 85-77 по продолжение, во неизвесното финале на фајналфор-турнирот одиграно ноќеска во Минеаполис, САД.

Една година откако беа назначени за први носители на популарниот турнир „мартовско лудило“ (марч меднес), а потоа загубија од 16-рангираниот тим на турнирот, Вирџинија кавалирс сега се национални шампиони на САД, по неизвесниот натпревар во Минеаполис.

– Наша судбина беше да победиме. Моравме да го направиме тоа – рече играчот од втора година на Вирџинија, ДеАндре Хантер, кој беше најдобар стрелец на натпреварот со 27 поени.

Повеќето американски медиуми трофејот на Вирџинија го сметаат за нивно искупување за минатата година, кога изгубија од нискорангираниот универзитет Мериленд (првпат во историјата прворангираниот загуби од 16-рангиран тим) и тоа со 20 поени разлика, по одличната ланска сезона во која имаа само три порази (35-3).

Оваа сезона, Вирџинија беше единствениот прворангиран тим од конференциите кој успеа да се планисра на фајнл-фор турнирот, остварувајќи ги последните три победи со тесна разлика и неизвесен крај, претходно во четвртфиналето против Пурдју (80-75) и во полифуналето против Аубурн (63-62).

Ова беше прв трофеј за Вирџинија во НЦАА колеџ шампионатот, а прв настап за училиштетот Тексас тек во финалето, кои оваа сезона ја завршија со 31 победа и 7 порази.


Лука Дончиќ далеку пред своите врсници

Очите на целокупната американска кошаркарска јавност беа вперени во синоќешното финале на НЦАА-турнирот. Голем дел од скаутите во НБА-лигата синоќа, но и во тек на целото „мартовско лудило“, ги следат карактеристиките, кошаркарските навики, предностите и мааните на младите колеџ-кошаркари, кои се надеваат на место во најдобрата лига на светот.

Уредните кошаркарски статистичари во САД воочија еден интересен факт за натпреварот и често се прави споредба меѓу играчите на колеџ и оние од НБА-лигата. Така И-ес-пи-ен констатираше дека вонсерискиот словенечки талент Лука Дончиќ е постар од само еден играч во двете стартни петорки на синоќешниот натпревар. Овој факт говори многу за квалитетите и талентот на Словенецот, кој веќе одлично се покажа во НБА-лигата и дресот на Далас маверикс, кои се надеваат да го реконструираат тимот околку него.