Бе­кот на Ва­шин­гтон, Ра­сел Вест­брук (32), по­ста­ви нов ре­корд во нај­сил­на­та кошаркарска ли­га во све­тот. Во по­бе­да­та над Ин­ди­ја­на со ду­ри 154-141 (вкуп­но 295 ко­ша!), тој ста­на единс­тве­ни­от играч во исто­ри­ја­та на НБА-ли­га­та, кој имал 20 или пове­ќе аси­стен­ции и ско­ко­ви на еден нат­пре­вар, два­па­ти во сво­ја­та ка­ри­е­ра.

Име­но, Вест­брук го за­вр­ши ме­чот про­тив Ин­ди­ја­на со 14 по­е­ни, 21 скок и 24 асистенции за 39 ми­ну­ти игра. Ова е трет меч во НБА-ли­га­та во кој еден играч ус­пе­ал да ос­тва­ри 20 или по­ве­ќе аси­стен­ции и ско­ко­ви. Прет­ход­но тоа му ус­пе­а­ло са­мо на Вилт Чем­бр­лен (2 фе­вру­а­ри 1968), а пред две го­ди­ни (2 април 2019), прв­пат го сто­ри тоа и Вест­брук, но со Ок­ла­хо­ма (20 по­е­ни, 21 аси­стен­ци­ја и 20 ско­ка). Вест­брук се­га има вкуп­но 178 трипл-дабл и му не­до­сти­га­ат уште три за да го стиг­не ре­кор­дот на Оскар Робер­тсон (181).

На овој меч Ва­шин­гтон по­стиг­на не­ве­ро­јат­ни 82 ко­ша на по­лу­вре­ме­то, а нај­е­фи­ка­сен играч во по­бед­нич­ки­от тим бе­ше Ја­по­не­цот Руи Ха­чи­му­ра со 27 ко­ша, до­де­ка кај Индија­на Ка­рис Ле­верт со 33. Ва­шин­гтон и Ин­ди­ја­на во мо­мен­тов се на пос­лед­ни­те две ме­ста на Источ­на­та кон­фе­рен­ци­ја, кои во­дат во т.н. ба­раж за пле­јоф. Г.И.