Букер (лево) и Јанг во меѓусебен дуел

Тренерите на Истокот и Западот, Квин Снајдер и Док Риверс, ги избраа резервите за олстар-натпреварот во кошаркарската НБА-лига, кој ќе се игра на 8 март во Атланта.

Американците потенцираат дека меѓу резервите ги нема Треј Јанг од Атланта и Девин Букер од Феникс, играчи кои со она што го покажуваат од почетокот на сезоната, според многумина заслужија да играат на натпреварот на сите ѕвезди.

Јанг има просек од 26,9 поени, 9,5 асистенции и 3,9 скока, а Букер просечно бележи 24,7 поени, 4,3 асистенции и 3,8 скока по натпревар.

Од Западната Конференција избрани се Крис Пол (Феникс), Пол Џорџ (ЛА клиперс), Демијан Лилард (Портланд), Донован Мичел (Јута), Руди Гобер (Јута), Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс) и Ентони Дејвис (ЛА лејкерс).

Од Источната конференција избрани се Џејмс Харден (Бруклин), Џулиус Рендл (Њујорк), Џејсон Тејтум (Бостон), Џејлен Браун (Бостон), Зек Лавин (Чикаго), Бен Симонс (Филаделфија) и Никола Вучевиќ (Орландо).

Претходно, со гласовите на навивачите беа избрани стартерите од двете конференции – Леброн Џејмс, Стеф Кари, Лука Дончиќ, Каваи Ленард и Никола Јокиќ од Западот, односно Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Кевин Дурент, Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид од Истокот.