Селекторот на македонската репрезентација Јорданчо Давитков го објави списокот со кошаркари што во јуни на гости ќе го одиграат последниот меч од првата квалификациска фаза за пласман на Европското првенство во 2021 година со Швајцарија. По трите претходни победи црвено-жолтите можат да си дозволат и минимален пораз за пласман во следната фаза. На првиот собир на 11 јуни повикани се вкупно 14 кошаркари, од нив 12 се од домашното првенство, а само Војдан Стојановски и Александар Костоски се интернационалци, На списокот нема странец со македонски пасош (досега играше Ричард Хендрикс). На списокот се и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко, Александар Штерјов.