Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, повика 18 кошаркари за ноемвриските мечеви во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година. Првиот собир е предвиден за 20 ноември, во Скопје. Според најавите, Бајиќ и стручниот тим ќе ја следат формата на сите репрезентативни кандидати, по што ќе биде формиран конечниот состав за мечот со Шпанија, на 26 ноември во Скопје, а потоа и со Украина, на 29 ноември во Киев.
Состав: Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Дарио Митевски, Адем Мекиќ, Дамјан Стојановски (сите од МЗТ Скопје Аеродром), Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски (сите од Пелистер), Андреј Митревски (Феникс 2010), Виктор Ефремовски (Гостивар), Андреј Маслинко (ТФТ), Кирил Николовски (Кожув), Лејсон Зекири (Приштина, Косово), Андреј Магдевски (Плоешти, Романија), Теодор Симиќ (Барселона, Шпанија), Ненад Димитријевиќ (Валенсија, Шпанија) и Џејкоб Вајли (Будуќност, Црна Гора).