КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот дел во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година, од 18 на 15 кошаркари. Од нив четворица се интернационалци, а најмногу домашни кошаркари има од МЗТ Скопје (петмина) и од Пелистер (тројца). Поради повреда отпадна бекот Ненад Димитријевиќ, кој настапува во шпанска Валенсија.
Првиот собир на македонскиот национален тим беше предвиден за синоќа во Скопје. Од денеска почнуваат мини-подготовките пред почетокот на квалификациите за СП 2023. В петок Македонија во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје (19.30 ч.) ќе игра против актуелниот светски шампион Шпанија. Потоа, на 29 ноември е и средбата со Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев.
Според планот на подготовки, македонските репрезентативци ќе имаат по два тренинга дневно (од 10 и од 18 часот) во СЦ „Јане Сандански“, а ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот со Шпанија.


СОСТАВ

Бојан Крстевски МЗТ Скопје
Кристијан Николов МЗТ Скопје
Дамјан Робев МЗТ Скопје
Адем Мекиќ МЗТ Скопје
Дамјан Стојановски МЗТ Скопје
Бобан Стајиќ Пелистер
Стојан Ѓуроски Пелистер
Љубомир Младеновски Пелистер
Виктор Ефремовски Гостивар
Андреј Маслинко ТФТ
Кирил Николовски Кожув
Лејсон Зекири Приштина (Косово)
Андреј Магдевски Плоешти (Романија)
Теодор Симиќ Барселона (Шпанија)
Џејкоб Вајли Будуќност (Црна Гора)