Треј Јанг во акција

Ко­шар­ка­ри­те на Ат­лан­та хокс по­ве­доа со 1-0 про­тив Мил­во­ки во фи­на­ле­то на пле­јо­фот на Источ­на­та кон­фе­рен­ци­ја во НБА-ли­га­та, отка­ко на го­сти сла­веа со 116-113. Ат­лан­та, ко­ја ја пред­во­де­ше Треј Јанг со 48 по­е­ни, 11 аси­стен­ции и се­дум ско­ка, има шест победи и два по­ра­за на го­сту­ва­њата во пле­јо­фот се­зо­на­ва.

– Ко­га одев во сред­но учи­ли­ште, се­ко­гаш са­кав да играм на го­стин­ски те­рен. Са­кам да играм пред про­тив­нич­ка пуб­ли­ка, тоа ти да­ва чув­ство де­ка си со сво­ја­та еки­па, мис­лам де­ка тоа го спло­ту­ва ти­мот – из­ја­ви Јанг, ко­му му не­до­сти­гаа уште два по­е­на за да го изед­на­чи сво­јот ре­корд во ка­ри­е­ра­та.

Вто­ри­от меч од се­ри­ја­та до че­ти­ри по­бе­ди се игра утре на­у­тро, а од­но­во до­ма­ќин е Милво­ки. Во фи­на­ле­то на За­пад­на­та кон­фе­рен­ци­ја, Фе­никс во­деи со 2-0 на ду­е­лот со Лос Ан­џе­лес кли­перс. Г.И.