Марјан Лазовски

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, го скрати поширокиот список на кошаркарки за одигрување на претстојните две квалификациски средби за Европското првенство (ЕП) 2019 година во Србија и Летонија. Селекторот Лазовски од првобитниот поширок список од 24 кошаркарки, избриша 11. Во репрезентацијата се враќа Јелена Антиќ, која ја санира незгодната повреда на коленото, но нема ниту една натурализирана кошаркарка. Првиот собир на кошаркарките е закажан за 12 ноември, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20 часот.

На 17 ноември во Скопје, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, Македонија ќе ја пречека Шведска, додека на 21 истиот месец ќе гостува во Хрватска. Македонија во овие квалификации претрпе порази од Италија, дома (52-61) и на гости (33-93), од Хрватска, дома (47-108), и од Шведска, на гости (51-91).
Првопласираните од осумте групи обезбедуваат пласман на ЕП, како и шесте најдобри второпласирани селекции. 


Список на репрезентативки
1. Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност)
2. Ивона Пејковска (Вардар)
3. Ана Тантуровска (Олимпијакос Волос)
4. Софија Лазареска (Бадел 1862)
5. Александра Стојановска (Бадел 1862)
6. Ивана Кметовска (БАМП Попрад)
7. Матеа Николиќ (Стела Азура)
8. Јована Петрушевска (Вардар)
9. Јелена Антиќ (Висла Кенпак)
10. Цветанка Димова (Бадел 1862)
11. Анамарија Шеќероска (Струга 2009)
12. Ивона Кожобашиовска (Мерцедес Алжеро)
13. Кристина Јаневска (Вардар)