Партизан Водно санс и Феникс 2010 ќе играат мајсторка за место во елитното друштво

КОШАРКА

Екипата на Ангели од Скопје ќе игра во финалето на плејофот за пополнување на двете места во Првата лига – мажи, за натпреварувачка сезона 2021/2022. Ова е епилогот по триумфот од 65-62 на свој терен, во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, против екипата на Чаир 2030, со што ја затворија полуфиналната серија со максимални 2-0, доволни да го обезбедат прволигашкиот статус. Во неизвесен меч, победникот беше решен дури во финишот на средбата. Кој ќе им биде ривал во финалето, кое ќе има само ревијален карактер, ќе биде познато по одигрувањето на третиот меч помеѓу екипите на Партизан Водно санс и Феникс 2010.
Кошаркарите на Партизан Водно санс успеаја да израмнат во вториот меч, откако минимално славеа со 73-72. Решавачки ќе биде третиот дуел, кој се игра на теренот на Феникс 2010, кој, пак, првиот дуел го доби на свој терен.