Шампионот Работнички пресилен за Куманово

161
Фото: Илустрација

Во рамките на првото коло од плејофот кошаркарите на Куманово вечерва на домашен
терен загубија екипата на Работнички со 57-75 (28-38), со што го доживеаја и првиот
пораз во Суперлигата.

Натпреварот кој се одигра во полната кошаркарска сала во средното економско училиште „Перо Наков“, помина во знак на гостинската екипа која уште од самиот почеток наметна своја игра, и на крајот сосема заслужено стигна до убедлива победа.

За конечниот исход одлучувачка беше третата четвртина која гостите ја добија со 21-9, и во последната четвртина влегоа со позитива од високи 22 разлика (59-37), која успеаја да ја сочуваат до самиот крај.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипата на Куманово беа
Бранислав Џекиќ со 16 и Филип Думиќ со 10 поени, додека пак во победничката
екипа на Работнички се истакнаа Бојан Крстевски со 22 и Марјан Јанески и Чавдар Костов со по 14 постигнати коша.

Во наредното 2. коло од плејофот, Куманово на гостински терен се среќава со Гостивар, а Работнички го пречекува Кожув. Т.Д.