Четврта првенствена победа на Куманово

27

Во рамките на 6-то коло од домашното кошаркарско првенство кошаркарите на Куманово на гостувањето во Битола ја совладаа домашната екипа на Пелистер со 67:87 (32:42), со што ја забележаа и четвртата победа сезонава.

Што се однесува пак до попладневниот натпревар, екипата на Куманово уште во текот на првата четвртина направи солидна предност од +13 поени, разлика (14:27), која што предност подоцна со рутинска игра успеа да ја задржи до крајот на натпреварот.

При крајот во последната четвртина таа предноста уште повеќе ја зголеми и стигна до висока и убедлива победа. Оваа гостинска победа на Куманово, која што, како прволигашка екипа оваа сезона настапува речиси со само 5-6 искусни кошаркари, сама по себе говори и за квалитетот на нашата клубска кошарка, во која што во оваа сезона, за жал, постојат само 2-3 добро организирани, сериозни и квалитетни екипи.

Најефикасни кошаркари на натпреварот кај домашната екипа на Пелистер беа Тирон Харис со 28 и Габриел Беалер со 21 кош, додека пак кај победничката екипа на Куманово, Бранислав Џекиќ со 18 и Адем Мекиќ со 17 постигнати кошови.

Во наредното 7 – коло од домашното кошаркарско првенство екипата на Куманово поради непарниот број на екипи во лигата е слободна.

Т.Д.