Филмот „250 скали“ победник на 7. Меѓународен фестивал за спортски филм во Златибор

117

Документарниот филм „250 скали“, работен по идеја на македонскиот новинар Живко Здравковски, а посветен на кошаркарските светски шампиони, е победник на Седмиот меѓународен фестивал на спортски филм на Златибор.

Српскиот документарен филм „250 скали“ е на сценаристот Владимир Пајиќ и режисерот Владимир Курчубиќ, а во продукција на „Пи-Ем-Џи мрежа” од Белград.

Филмот „250 скали“ е возбудлив и драматичен, на моменти носталгичен и доследно пласирано документарно остварување за големиот подем на една од најталентираните генерации во историјата на југословенската кошарка. Приказот за нивниот пат кон големиот триумф во Бормио истовремено е и потсетување на славните денови на Југословенскиот спорт, но и показател што би можела да постигне таа генерација да не се случил распадот на Југославија.

Фестивалот во Златибор е еден од тие 16 фестивали што се одржуваат на 4 континенти (Азија, Европа, Африка, Америка), односно е еден од петте во Европа.