Успешен старт на Куманово во новата сезона

147

Во рамките на 1-то коло од новата кошаркарска сезона кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на Пелистер со 84-79 (32-35), со што ја забележаа и првата првенствена победа во новата сезона.

Кошаркарите на Куманово на првиот натпревар сезонова пред своите гледачи ја
оправдаа улогата на фаворит, но многу потешко од очекувањата ја совладаа вечерва солидната екипа на Пелистер.

Победникот беше одлучен во последните две-три минути кога Куманово максимално ја искористи предноста на домашниот терен и преку расположените повратници во екипата, Марјан Јанески и Марјан Младеновиќ (кои вечерва заедно постигнаа 50 коша) сосема заслужено стигна до многу важна победа. Гостите од Битола, и покрај тоа што одиграа доста квалитетно, не успеаја да направат изненадување.

Најефикасни на натпреварот кај Куманово беа Јанески со 26 и Младеновиќ со 24 поени додека кај гостинската екипа се истакнаа Адем Мекиќ со 23 и Андреј Цветковски со 21 постигнат кош. Т.Д.