Три нови правила во НБА лигата

191

Раководството на најсилната светска кошаркарска лига – НБА ги усвои новите правила предложени од Комисијата за натпреварување.

Во новата сезона семафорот кој го мери времето за напад, по офанзивен скок ќе се ресетира на 14 секунди , наместо досегашните 24 и со тоа се очекува забрзување на играта и повеќе шутеви.

Исто така се поедноставува правилото за потешка санкција на играч кој непрописно спречува противнички кошаркар при чиста транзиција без разлика дали е со топка или е во добра позиција.

Третото правило се однесува на утврдување казни за сите играчи и тренери со прегледување на видео снимки, при евентуални инцидентни ситуации кога кошаркарите влегуваат во конфликт со противнички играчи, тренери, судии, навивачи.