Торонто првпат финалист во НБА-лигата

153

Со четвртата победа над Милвоки Бакс (100-96), во плејофот од Источната конференција, кошаркарите на Торонто Рапторс испишаа историја, пласирајќи се во големото финале на НБА. Ова е првпат во историјата на НБА-натпреварувањето, клуб од Канада да игра на финален турнир.

За годинашната титула во НБА-лигата, Торонто ќе се бори против Голден стејт, кој во изминативе пет години трипати се искачи на победничкиот пиедестал. Голден стејт беше подобар во дуелите со Портланд со вкупен резултат 4-0.
Плејоф-натпреварите со Милвоки, кошаркарите на Торонто ги добија со вкупен резултат 4-2, односно трипати славеа на домашен терен (118-112, 120-102, 100-96) и еднаш на гостински (105-99), сите четири во низа, а беа поразени во првите два меча (100-108 и 103-125).

Во решавачкиот меч за финалето, Милвоки водеше во три четвртини од мечот, неколкупати имаше и 15 поени разлика, но последниот период им припадна на домаќините, кои со пресврт на крајот славеа со 100-96. Кавај Ленард беше најдобриот играч на Торонто со 27 поени, 17 скока и седум асистенции.
Борбата за титулата Торонто ќе ја започне на домашен терен на 31 мај.