Тесни победи на првите два меча по 140 дена пауза во НБА

26

КОШАРКА

По повеќе од 140 дена пауза, кошаркарската НБА-лига вчера продолжи, откако беше прекината на 11 март поради пандемијата на коронавирусот. Првите два меча завршија со тесни победи, од по само два поена разлика, откако Јута го совлада Њу Орлеанс со 106-104, а во градското дерби Лос Анџелес лејкерс славеше на средбата со Лос Анџелес клиперс со 103-101.

Вкупно 22 тима се во Орландо, каде што до октомври ќе се игра сезоната, без публика. Во следните две недели треба да се доигра регуларниот дел од сезоната, на 17 август треба да почне плејофот, а шампионот е предвидено да биде познат во октомври. Вкупно 12 тима веќе обезбедија место во плејофот пред паузата поради пандемијата, по шест од источната и од западната конференција. Десет екипи ќе се натпреваруваат за четирите слободни места во доигрувањето за титулата.