Слабото прво полувреме скапо ја чинеше Македонија

139
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз на првиот квалификациски меч за Евробаскетот 2021, откако дозволи Естонија да направи неверојатна предност од 22 поени на полувреме, предност која беше недостижна и на крајот резултираше со пораз од 81-72. Во нашата група Б, уште се и кошаркарските велесили Русија и Италија.

Почетокот на мечот беше ужасен за тимот на Александар Тодоров, откако Естонците поведоа со 16-9, пред со малку подобра игра да се стигне до 18-20 по првите 10 минути. Втората четвртина беше катастрофална – Естонците лесно поминуваа низ нашата одбрана, а ние бевме катастрофални во нападот, што покажува фактот дека дадовме само пет поени за десет минути. Разликата од 22 поени беше недостижна на крајот и покрај подобрената игра во второто полувреме.

Војдан Стојановски со 26 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, додека по 15 имаа Ненад Димитриевиќ и Шејн Витингтон. Кај Естонците, Кристијан Куламае беше енигма за нашиот тим со дури 31 постигнат поен.

Во другите мечеви од квалификациите, Србија во првиот меч под водство на новиот селектор Игор Кокошков стигна до 80:58 победа на гости кај Финска, Шпанците со 81-74 славеа на гости кај Романија, додека Унгарците ги шокираа Словенците со тесна 77-75 победа обезбедена во последната четвртина.

ЕВРОБАСКЕТ, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Б
Македонија – Естонија 72-81 (18-20, 5-20, 23-15, 26-21)

Италија – Русија

ГРУПА А
Романија – Шпанија 71-84 (18-21, 16-23, 19-20, 18-20)

Полска – Израел 71-75 (12-21, 27-16, 14-18, 18-20)

ГРУПА Е
Финска – Србија 58-80 (10-19, 14-18, 13-23, 21-20)

Грузија – Швајцарија 96-88 (17-8, 25-21, 16-24, 21-26, 17-9)

ГРУПА Ф
Унгарија – Словенија 77-75 (16-16, 16-20, 17-18, 28-21)

Австрија – Украина 73-88 (17-22, 22-22, 9-20, 25-24)