Работнички подобар од екипата на Гостивар во Куманово

64

Во 8-то коло од кошаркарската Суперлига, кошаркарите на Работнички вечерва како домаќини во Куманово убедливо ја совладаа екипата на Гостивар со 99-70 (58-39 на полувреме), со што екипата и понатаму остана на втората позиција на табелата.

Иако кошаркарите на Работнички како домаќини одиграа во Куманово, тоа воопшто не им претставуваше пречка вечерва да ја поразат екипата на Гостивар со позитива од дури 29 коша. Со оваа победа, на две кола пред крајот, тие дополнително ја зацврстија втората позиција на таблата.

Во текот на целиот натпревар тие доминираа на теренот и беа подобри од противничката екипа во сите сегменти од кошаркарската игра. Гостивар пак, одигра под своите можности и квалитети, што резултираше со убедлив пораз.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Работнички беа бугарскиот интернационалец, Чавдар Костов со 28 и Ѓорѓи Чековски со 20 поени, додека пак во екипата на Гостивар, Диме Тасовски и Тенксли Ефианаи постигна 12 коша.

Во следното 9-то коло од Суперлигата, екипата на Работнички на гостински терен игра со екипата на Блокотехна во Гевгелија, додека екипата на Гостивар на домашен терен ја пречекува првопласираната екипа на табелата, екипата на МЗТ Скопје.