Работнички ја слави петнаесеттата титула, прекината низата на МЗТ Скопје

685
Фото: Фејсбук

Кошаркарите на Работнички го совладаа МЗТ Скопје со 87-84 на домашен паркет, со што ја освоија 15-та шампионска титула, со максимални 3-0 во победи во финалната серија од плејофот.

Најтрофејниот македонски клуб стигна до трофејот по пауза од девет години, прекинувајќи ја низата на вечниот ривал, кој беше шампион во последните шест изданија од првенството.

Чавдар Костов од Работнички беше најефикасен на мечот со 19 поени, пред неговиот соиграч Димитар Караџовски кој уфрли постигна 17 поени, исто колку што имаше и Андрија Бојиќ од МЗТ Скопје.

Расел Робинсон од Работнички е прогласен за најкорисен кошаркар на финалната серија.