Работнички е прв финалист во кошаркарскиот плејоф

1137

Работнички со максимални 3-0 во полуфиналната серија против Куманово, обезбеди пласман во финалето од плејофот.

Екипата од „Градски парк“ на домашен терен славеше со 81-65 во третиот меѓусебен дуел.

Работнички не дозволи изненадување и уште во почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот. Тоа се одрази резултатски и избраниците на Марин Докузовски на крајот од првата четвртина имаа предност од 15 поени (24-9).

Гостите до крајот на натпреварот ја намалуваа предноста, но недоволно за резултатски пресврт.

Најефикасни кај Работнички беа Маркус Гинјард и Шон Еванс со по 17 поени, а Бобан Стајиќ со 15 поени беше најдобар стрелец кај Куманово.

Работнички во финалето ќе игра со победникот од втората полуфинална двојка, меѓу МЗТ Скопје и Блокотехна, каде актуелниот резултат е 2-1 за „штрковите“.