Почнува нокаут-системот за светската титула

227

Аргентина – Србија и Шпанија – Полска се денешните, први четвртфинални натпревари на 18-то Светско првенство во кошарка, што се игра во Кина. Другите двојки, кои на програмата се утре, беа формирани по синоќешните дуели САД – Бразил од групата К и Австралија – Франција од групата Л.

Од овие репрезентации, САД, Австралија и Франција пред ова коло имаа обезбедено место меѓу осумте најдобри селекции, но се играше за пласман во групата од кој се одредуваат двојките за следната, нокаут-фаза. За осмото место во четврт-финалето во игра беа Бразил (ако победил на дуелот со САД) и Чешка (ако изгубил Бразил).